Денес го гледав филмот „Животите на другите“. Се потресов. Во него се раскажува приказна за таен агент на источногерманската тајна служба Штази, кој започнува да следи еден истакнат писател и неговата девојка, но во текот на истрагата се вплеткува во нивните животи, на еден бизарен начин. И тука некаде започнав да размислувам, што ќе се случуваше со Македонија, ако никогаш не се откачевме од комунизмот?
Замисли си земја во која има само една партија, една идеја, еден правилен начин на размислување и еден куп непријатели на државата, кои постојано мора да се посочуваат, да се набљудуваат и да се држат под контрола.Замисли си една авторитативна фигура во која сите се крстат, водач кој е одговорен за сите позитивни нешта што се случуваат во државата, макар биле предизвикани од природни сили, но никогаш не е одговорен за грешките, па макар биле направени и лично од него - тогаш е виновен антидржавничкиот елемент, кој преку субверзивни акции направил тој да згреши.
Замисли си забрана за сите религии (или поставување една „правилна“ религија, сеедно). Сите престапници и одметници се шиканираат, отфрлаат и не им се дозволува пристап до азното (т.е. до државната работа - а друга, речиси и да нема).
Замисли си работни акции со кои ќе се подигнува националниот дух. Сите работат заедно, бесплатно, аргатски, за доброто на нацијата, едната идеја, партијата, државата....
Замисли си грандиозни градби кои ја отсликуваат моќта на идејата, партијата, државата; изградени со средства кои би можеле да се вложат во многу поумни и покорисни проекти.
Замисли си рестрикции на храна, вода, струја, греење, по потреба, кога се штедат пари, за доброто на државата, идејата, партијата....
Цела среќа што на време го баталивме тој клет комунизам!



8 коментар(и):
А ти си ја замислуваш Македонија „као„ веќе откачена од комунизмот!??!
Ај нека ти биде, живеј си среќен.
Као какао работава.
Па не гледам голема разлика од тоа што го имаме денес samo што нема работни акции мада има ден на дрво :)
Ти ја живееш таа стварност што ја опишуваш....тоа е денешна Македонија. А, попатно, тоа што го опишуваш го имаше во Источните земји, ние во Југославија немавме таков вид на комунизам. Млад се, затоа не знаеш. Треба да се прави разлика помеѓу режимот во СССР, Бугарија, Источна Германија и Југославија. Како што треба да се прави разлика помеѓу капиталистичките земји: ги има напредни демократски, правни држави и диктаторски, а сепак капиталистички
Добар, ама ептен добар, сарказам.. :)
Друже извини што те реметам вака офконтекст на постов ама неможев да те контактирам на П.П.
Имам едно питањце на кое јас неможам да најдам одговор а пратејќи го твојов блог мислам дека ти би можел да го имаш.
За што се работи.........
Во последно време, нели, се почесто се збори дека платформава на која е блогерајов ќе се затвара, па си викам со затварањево дека се што сум пишувал на мојот блог ќе исчезне заедно со неа.
Не дека имам кујзнае што вредно напишано на мојот блог, ама заради неколку поста кои сепак вредат, а повеќе поради „сентитетални“ причини, би сакал содржината на мојот блог да ја префрлам на некоја друга платформа и тѕка да ја сочувам.
Ко што гледам, ти го имаш тоа направено на www.babamitrajanka.blogspot.com, па се прашував, дали можеби знаеш за некоја солуција која не изискува „пешки“ пост по пост, слика по слика, да се префрлат од постоечкава на некоја друга платформа. Односно некоја „магија“ која ќе ми-ни, овозможи да си ги префрлиме нашите блогови од оваа платформа на пример на blogspot платформата, ко што ги префрливме нашите блогови од онаа старата www.blog.com.mk на оваа постоечката, www.blog.mk?
Доколку знаеш некоја таква солуција, би ти бил бескрајно благодарен ако ми кажеш како да го изведам тоа.
Однапред ти благодарам за секоја информација што би ми ја проследил врзано за проблемов и уште еднаш ти се извинувам што ти одземам од времето.
Ako sporeduvame so nekoe vreme, togash naj soodvetno bi bilo turskoto ropstvo. Razbirlivo od nekolku pricini: "navednata glava noz ne ja seche", "javni ubistva, razbojnistva i nikomu nisto","visoki danoci","drzavna rabota-janicar" "turski serii-velicestveni", i eden kup slichni patetiki.
p.s. neznam zoshto gi staviv vo navodnici :)
Стварно си млад.Се гледа од напишаното.Мислиш дека човештвото започнало со твоето раѓање.Ако сега бевме Југославија во политичка смисла,Европа ќе не молеше да бидеме членка.Колку за споредба :Европа всушност фонкционира како што функционираше Југославија.Што се однесува до комунизмот друже мој Југославија не стигна до тоа ниви .Социјалистичко уредување и уникатниот модел на Југославија а тоа беше самоуправувањето.Дали се живееше полошо или подобро пршај ги постарите бидејки те и само тие може да направат споредба со денес и некогаш.
еден интересен блог
Post a Comment