Pages

Subscribe:

13.1.2012

Каква и да си, дојди

Каква и да си, дојди, не се колебај при облекувањето.
И косата нека ти биде расплетена, и патецот заплеткан, и елекот раскопчан
што е тоа важно.
Каква и да си дојди, не се колебај при облекувањето.

Со итри чекори дојди по тревата.
Ако исчезне руменилото од твоите нозе, зашто има падната роса,
Ако прстените околу твоите нозе се рашират.
Ако бисерот испаѓа од твојата гривна, што е тоа важно.
Со итри чекори дојди по тревата.

Глеј, се трупаат облаци по небото.
Јата жерави долетуваат до далечни брегови,
а напати ветерот дува преку пустината.
Преплашен добиток бега кон шталите во село.
Глеј, се трупаат облаци на небото.

В залуд го палиш светилникот на столот заради своето дотерување -трепери и се гаси на ветерот.
Кој гледа на твоите очни капаци дека нема црвенило?
Та, твоите очи се потемни од облаците дождовни.
Попусто го палиш светилникот на столот, тој се гаси.

Каква и да си, дојди, не се колебај при облекувањето.
Ако венецот не е сплетен, кому му е гајле? Ако алката не е стегната, остави ја.
Небото е преплавено со облаци; доцна е.
Каква и да си, дојди, не се колебај при облекувањето.

Рабиндранат Тагоре

1 коментар(и):

pifpufpaf said...

Најубавата oд Тагоре...