Pages

Subscribe:

31.1.2012

Геј

Понекогаш, кога ќе отидам кај мајка ми и таа гледа нешто на телевизија, ми се чуди кога ќе ѝ кажам дека водителот / спикерот / рандом тв лице е геј. Пред малку, одејќи кон продавница, видов еден сладок геј пар. Тие се преправаа дека се пријатели, минувачите се преправаа дека не гледаат ништо.... Се чини дека целата наша земја е основана врз темелите на преправањето.

Некогаш мислев дека сите забележуваат какви афинитети имаат луѓето, затоа што е премногу очигледно. Како да носат неонски знак над глава. Се забележува кој мерка мажи, кој жени, кој животни. Едноставно, не може да се скријат тие работи. Арно ама, најголем дел од луѓето навистина не забележуваат. Но, со оглед на тоа каде живееме, можеби е подобро што е така.

Не се гордеам со фактот што некогаш имав предрасуди од типот „нека прават што сакаат, ама не пред мене“. Израснат сум во заостанато општество. Знам дека тоа не е изговор, но ете, барем се обидувам да се искупам за своите грешки. Не сум горд и со други нешта што ми биле наметнати од околината или семејството, како што е на пример „подарокот“ наречен религија, но убавината на животот е во тоа што никогаш не е доцна да се сменат нештата и да се отфрли непотребниот товар.

Детево излага од дома, а „пријателот“ го чека со кола. Ладно е. Изнасмеан до уво си влага внатре и се гушкаат, онака топло. Ги видов. И сега стварно не ги разберам генијалците од типот на одредени „рапери“ од државава што повикуваат на смрт на сè и сешто што не им влегува во тесниот светоглед, кои се згрозени од ваквото „девијантно“ однесување и, на моменти предложуваа и „затвор за педерите“. Еве, јас ги видов и чудо, сè уште се палам ко млад мајмун на, во најмала рака, чудни жени. Оваа рандом сцена не ми смени ништо во животот, исто како што не ми сменија ниту порно сликите на комшивката, ниту слушањето турбо-фолк на сите комшии кои мислат дека прават услуга на цела поширока околија со тоа што завивањето го рокаат до максимум, ниту несреќата да се запознаам со бројни луѓе што немаат основна смисла за естетика или уметност, ниту пак тоа што сум ги видел сите двајца навивачи на Тотенхем од државава....

Децава беа среќни што се гледаат. Најсериозно морам да прашам - како нивната среќа во животот може некому да му донесе несреќа? Зарем ако го прават она што се правело во генерацијата на нашите родители (мажење - женење, а вистинска љубов на страна со „пријатели“) ќе направи некој да спие помирно? Дали навистина некој мора да живее живот налик на супер херој, со маска кога е во јавност, само затоа што не ги сака истите работи што ги сака масата?

Јас, најискрено им посакувам на сите да си ја најдат среќата во животот. Ако ве прават среќни жени, бркајте жени - една сигурно ќе биде среќна покрај вас. Ако ве прават среќни мажи, бркајт мажи. Ако не сакате физички контакт со луѓе, заминете во планина. Само престанете да гледате преку оградата. Животот е премногу краток. Ако постојано се обидувате некому да му ја ускратите среќата, нема да ви остане време да ја пронајдете својата.

5 коментар(и):

Gocheska said...

Не сум хомофоб, и во одредена смисла им се восхитувам на храброста што во едно вака позаостанато општество решија да се покажат...А сметам дека религијата ни е наметната работа...

Martin said...

Daj be ostavi ni ja komsikata na raat :) :) :)

Publishermkd said...

Браво за текстов. Правилно срочено. Само уште да се прифати од страна на нашиов народ и се ќе биде како што треба.

Бриј said...

Гледањето преку ограда е поприродна појава од сите други горе наведени. негледам причина зошто тоа треба да го мениме. Тоа е најсилниот мотивационен мотор што човештвото од секојпат го имало. Се што човештвото направило е уствари за да имаме повеќе од тој преку оградата.
А за педерите не затвор, туку гасна комора и ако е можно и на членови од семејството каде што се јавуваат такви склоности за да ја очистиме работата #чистоонака
Шала на страна. Се додека се малце(секојпат ќе се,зошто ние "нормалниве" не гледаме како, ама сме инхибитори за таквите појави) и не му сметаат на генералниот генетски идентитет на човештвото ок е.

tha Casper said...

Не патиме од педери. Патиме од буљаши!