Сакал јас да признаам или не, факт е дека сум емотивна стока. Така се родив. Се дружам со емотивни стоки цел живот. И покрај сите муабети дека треба да се справам со оваа состојба и да станам нешто што не сум (макар и привидно), искрено не гледам начин тоа да се изведе. Но, утрово започнав да размислувам што ќе ми се случеше доколку се родев пред 100 и кусур години, во пусто турско, кога нештата биле далеку поедноставни....
Ќе бев роден на нива, во текот на жетвата, наместо на Гинекологија (која ќе ја уриваат деновиве). Главната преокупација ќе ми беше копање, сеење, жнеење - секогаш по тој редослед. Во детството ќе се дружев со вистински коњи, наместо овие на две нозе. Можеби ќе си бев емотивна стока, ама немаше кому да му (рас)кажувам за тоа.
Ќе стигнеше време за женачка - 16 или 17 години. Ќе седнеше стариот на ракија со стариот на некоја стројна мома (овде под стројна се подразбира способност да влече плуг поголема или еднаква на еден вол), ќе си плукнеа во дланките и ќе стореа пазар - 4 коња, 7 овци, 12 јамболии и 5 кози.
Свадба. Голема веселба. Презир кон сите. Лажна насмевка на лицето. Секс (т.е. нешто налик на секс) точно 9 пати во животот, за токму 9 деца - следната генерација копачи. Колнење на животот што ти испазариле баш таков месач на леб, зашто често во него наоѓаш парчиња од вреќата во која го чувате брашното.
Старост. Пазар за синовите и ќерките. Размена на стока. Виткање тутун на чардак. Зјапање во празно со прашањето во умот - и што направив јас во животот? Смрт.

* * * *
Разумот е факторот што нè одвојува од животните. Но, емоциите се она што нè прави човечни. Ако ги исклучиме нив од равенката, тогаш стануваме андроиди, роботи, машини - автоматизирани за живуркање, а никогаш за живеење! Ако во научната фантастика постои едно нешто што е апсолутно невозможно, тоа е создавањето машини кои ќе чувствуваат!
А пак, сите бегаат од емоциите. Полесно е така. Дури еден драг пријател ми предложи да започнам да се дружам со прагматични луѓе, за да можам и јас да избегам....
За да ги објасниме овие луѓе, треба да си го замислите најсилниот стереотип за адвокати, сметководители, банкари или некоја слична здодевна професија и да го помножните по 100. Овие луѓе денес се просекот на човештвото. Ним, сè им е под конец и испланирано. Апче по будење, апче за варење по ручекот, апче за заспивање. Работа од 9 до 17, со пауза од точно 29 минути. Доцнење - никогаш! Максимална посветеност на работата. Рокови не се пробиваат. Женачка на 22 години - 2,4 деца (ним љубовта им е апстракт во кој сакаат да веруваат оти чуле за него по филмови, ама не им е познат). Точно определено време за секоја семејна активност. Финансии стокмени по проценти. Отстапување од рутината само ако падне метеор во нивниот двор. И така, додека рутината не ги изеде и си умрат со истиот израз на лицето со кој живееле во секоја секунда од животот.
Зошто сме се мачеле да еволуираме, да вложуваме во напредокот на цивилизацијата кога нештата требало да бидат како пред повеќе од еден век? Не, јас не можам да се преправам дека не постојат нештата што постојат и обратно. Знам да сакам, знам да мразам и знам добро да се изгорам поради овие емоции. Ама не можам да оставам недоречени нешта. И не можам, а и не сакам да бегам од емоциите. Тоа ми е крајно кукавичка и себична постапка. Еден ден можеби и ќе ме убие тоа, ама сè додека не ме убие, веројатно ќе ме прави посилен.
Искрено ми е жал кога гледам прекрасни личности кои бегаат од себе, во надеж дека во празнотијата ќе најдат мир, наместо во најубавите нешта во животот кои всушност нè прават живи.... Јас одбивам да научам да го правам тоа. Па макар и сосема изгорел!

1 коментар(и):
Хареса ми.
Post a Comment