Pages

Subscribe:

07.1.2012

2012

Онаа стокана аеродромска што сите си ја знаеме како Нечовски, напиша еден емотивен пост. Говори за минатото, поради кое сме толку заебани колку што сме, како генерација. Јас велам, кавки сме - такви сме, ама токму поради тоа - тука сме. Ако беше поинаку, којзнае како ќе беше. Јас сакам да зборувам за она што допрва следува....

Годинава започна ужасно. И минатата започна ужасно. Во суштина, мене никогаш не ми се паднала паричката и дури ми е страв дека ако некогаш ми се падне, тоа навистина ќе го навести крајот на светот. Но, знаејќи ја мојата среќа, ви гарантирам дека не сме во никаква опасност!

Иднината ќе биде онаква каква што ќе си ја направиме. Ништо не е запишано, ништо не е врежано во камен. Сè додека сме тука, имаме шанси. Лично за мене, знам дека си купив нови патики (се покажаа како погрешни, оти се лизгаат и кога врне, па оттаму се молам никогаш да не падне снег!), си купив ново столче, сега си ја подготвувам новата плеј листа на телефонот и на крајот останува само уште новиот живот, за списокот да се заокружи.

Ете некако спонатно, со гореспоменатата стока веќе се договоривме да отидеме на една мини екскурзија до кај жабарите, да гледаме Арсенал и да прошетаме низ белосветските патишта. Ќе биде добро. Мора да биде!

Принципите си остануваат исти. Секому шанса, сè до мигот на разочарување. Потоа, се гледаме во некој нареден живот, а можеби ни тогаш. Како можеш некого повторно да погледнеш во очи, кога ќе те излаже лице в лице? Неважно....

2012 е пред нас. Она што е зад нас нека остане таму, закопано во минатото. Којзнае, можеби еднаш ќе направиме нешто како што треба. Можеби....

0 коментар(и):