Моите бројни твитови за колешката донесоа со себе мала забуна, поради која добив неколку пораки од пријатели кои ме прашуваа дали сум почнал да работам во канцеларија и зошто не се фалам за тоа. Не, не сум почнал да работам, а и да почнев, сигурно немаше да развијам територијални претензии кон некоја колешка во првите 15 минути, уште помалку да ја нападнам. Во случајов, колешката е еуфемизам или, партизанско име, ако повеќе сакате, за една девојка....
Колешката има крупни очи.
Колешката е една од ретките личности на светов на кои сум посакал да им го гушнам умот. Цела среќа што сакам да ѝ го гушкам и телото.... боже, какво тело!
Кога колешката ќе ме фати за рака и ќе ме поведе некаде во ноќта, низ дождот или пак по тајните улички, се препуштам на ветрот и заборавам на неволјите. Убаво е.
Кога колешката ќе ме зграпчи во прегратки, може комотно во истиот миг да дојде и оној метеор кој ќе ѝ стави крај на цивилизацијава и мене апсолутно да не ми е гајле. Исто така, не знам дали спомнав, ама има крупни очи.
Можам да ја слушам колешката како зборува цела ноќ и цел ден. Макар и да зборува за поврзаноста на даночните обврзници и инфлацијата на Јуанот, повторно, нема да ми е доста.
Усните на колешката имаат вкус на облаци.
Колешката има крупни очи.
Колешката мириса како жена. Ух!
Во мигов многу сакам да имам транспортер налик на оние од „Ѕвездени патеки“, за да можам да се транспортирам кај неа и силно да ја стиснам во прегратка....



0 коментар(и):
Post a Comment