Pages

Subscribe:

29.12.2011

Искрено

Исклучително тешко ми е што го пишувам ова што го пишувам, но некои нешта мора да бидат кажани, без разлика на сè....

Пред некоја година, од трети луѓе, дознав дека еден мој другар кој многу си го сакам, имал посериозни здравствени проблеми. Бев лут што не ми кажал, ама знаев дека си има причини зошто е тоа така. Бев лут зашто знаев оти не можам да му помогнам, на ниту еден начин. Одлучив да се преправам дека не знам ништо и да се надевам на најдоброто. Ништо друго и не беше важно....

Еден ден, излегов да трчам по селските улици, во насока на Кучково. Сосема случајно, поминав во близина на местото каде што живее. Забележав преку 30 паркирани коли, онака како што се собираат во селово единствено кога има свадба или погреб (а беше среда). Тогаш, првпат во животот мене ми се пресекоа нозете. Буквално не можев да направам уште еден чекор. Си седнав на улицата и зјапав во земја. Свиреа коли, ме гледаа некои луѓе, ама ништо не беше важно....

По не знам колку време, памтам дека ја подигнав главата и на бандерата зад мене видов некролог со слика од прилично стар човек. Се свртев кон соседната куќа и видов црна панделка над вратата. Станав и полека, некако, стигнав до дома. Помина време, си молчев и се надевав. Другар ми ги надмина проблемите и јас се израдував многу. Сега го сакам уште повеќе.

Никому му го немав кажано ова. Ама, тоа беше мигот кога јас сфатив дека не сакам да го трошам времето на луѓе кои не прават да се чувствувам пријатно, без разлика колку се важни за некого или во одреден контекст. Ако не се важни за мене, не се важни и точка!

А, на сите оние кои ги сакам, ќе продолжам да им го (по)кажувам тоа, без разлика дали е Нова година, Први мај или четврток. Тие ако сакаат можат да ми вратат и со камења, мене тоа ништо нема да ми смени.

2 коментар(и):

Anonymous said...

http://efakt.com.mk/story.php?title=BABA-MI-TRA%D1%98ANKA-ISKRENO

Anonymous said...

Споделете ја содржината на вашиот блог на www.efakt.com.mk