Ете така, денес се навршија 6 години откако го отворив својот прв блог и оттогаш не престанав да чкрабам. Додуша, првиот пост беше објавен една недела подоцна, но во случајов, тоа и не е така важно. Важно е дека понекогаш доаѓаш пред крстосница во животот и време е да размилиш каде понатаму?
Ако треба да ја оценам 2011, тогаш тоа нешто би носело наслов: „А, годината така грдо започна“. Имаше некој не така пријатен, но позитивен прелом, за на крај да заврши многу убаво (дури и да заврши во истиов миг). Секако, морам да издвојам настан-два, кои мене лично ме погодија.
Фијаско на годината. Сега посакувам да не бев дел од случувањата, за да можам во целост да ги изнесам сите информации кои дојдоа до мене во последниве 2-3 дена. Не можам, глупаво ми е. Ама затоа, убаво ми дојде што бев оставен на цедило од луѓето кои се добро запознаени со оваа тематика и на кои, како ден им беше јасно за колку безобразна манипулација се работи, но не рекоа ништо. Тоа е македонскиот синдром на закопување на главата во песок, ако нештото што треба да се каже ти предизвикува непријатно чувство, без разлика дали се работи за симболична или пак за некоја голема работа која може да има влијание на иднината на целата држава. Си имаме мислење и за локалните избори во Таџикистан и немирите во Источна Руанда, но ова што е пред нос станува неважно. Тоа е. На крајот на краиштата, ако на тие луѓе им е лесно да спијат знаејќи што направиле и во ситуација кога сите знаат што направиле, тогаш и јас немам никаков проблем!
Еве, јас сега едногласно ќе ја прогласам @NaSandraSestrai за твитерџија на годината, со оглед на тоа што активно твита веќе месец и некој ден. (Шала на страна, следете го девојчево, зашто е цар!)
Јубилеите секогаш се добар момент да се направат оние неопходни промени и да се сврти во некоја нова насока. Па така, многу веројатно, на некое време ќе се збогуваме од социјалниве мрежи (делумно или целосно) и од пороците, што заради работни обврски, што заради враќање кон најголемата љубов - ридиштата и слободата што ја носат кога остануваш сам со нив и ветрот кој те носи или пак се обидува да те врати наназад, сеедно.
Како што веќе споменав, 2011 заврши на еден крајно неочекувано убав начин. Би сакал и 2012 (последната) година да започне на сличен начин, но тоа не зависи само од мене и дури и тоа да не се случи, убавиот спомен ќе си остане како таков.
На крајот, благодарност до сите кои ми направија добрини, но и на оние кои искинаа 100 рала опинци да ми го закачат ножот в грб. Сите тие искуства ме направија посилна личност. Затоа, останете ми со здравје, ако не....

0 коментар(и):
Post a Comment