Pages

Subscribe:

19.12.2011

„Џ“

Ме гледа со своите темни подочници

Си помислувам
Само да не извади пиштол
И да не ми го побара мобилниот
Таму се твоите пораки

Во другиот џеб имам потрошена автобуска картичка
И четириесет денари
____

Песна од збирката „Палиндром со две Н“ од Ѓоко Здравески, мојот омилен македонски поет од живата генерација. Маестрално, точно во сржта.

0 коментар(и):