Од неодамна и јас започнав да користам Foursquare, иако сум апсолутно off the grid и не бркам градоначалништва. Но, има луѓе на кои тоа многу им значи, со оглед на фактот што често посетуваат некое место и сакаат да го имаат тоа симболично признание. Арно ама, постојат и т.н. престапници, кои не се пријавуваат од вистинската локација, туку од каде било, можеби дури и Узбекистан.
Еден од нив е и Илија. Како што може да се види од неговиот јавен профил, тој држи дури 111 вакви титули или што би се рекло, мора да е госпО, оти е омниприсутен - секаде, во секое време. Нормално, никој никаде не го видел. Значи или верувате во Илија или не.
На Твитер беше пројавен интерес за пронаоѓање на оваа мистериозна личност. Единствен начин тоа да се постигне е преку изведување на еден крајно сложен план. Имено, прво треба да ги здружиме финансиите и да отвориме нов локал во центарот на центарот на Скопје, со име "Not so mainstream". Потоа, ќе објавиме дека оној што ќе го задржи градоначалништвото 10 дена, ќе добие голема награда (палестинска марама, лименка Pabst Blue Ribbon, ланец од точак со златна боја, аналоген фотоапарат со црно-бел филм, пластични, предимензионирани очила за сонце, по можност жолти и цигари American Spirit).
Никое живо суштество од рангот на Илија не би можело да одолее и да не ја подигне ваквата награда. Ако навистина постои, ќе се појави на церемонијата. А, потоа е лесно....
Никое живо суштество од рангот на Илија не би можело да одолее и да не ја подигне ваквата награда. Ако навистина постои, ќе се појави на церемонијата. А, потоа е лесно....
Conspiracy by @mart1_n




2 коментар(и):
hahahahaha dude u r like sooo hipster u would hunt yourself down :D a i ne si normalen, me iznasmea :)))
Ако направите проста математика ќе видите дека Илија има 4307 check-ins / 270 days out = 15.95 чекирања на ден. Јас на пример немам батерија за толку чекирања.
https://foursquare.com/andzelol или заменикот на Илија (има само 63 mayorships) има 2126 check-ins / 312 days out = 6.81 чекирања на ден.
Меѓутоа во поглед на беџовите, Анџело заостанува со само 2 помалку од Илија.
Post a Comment