Pages

Subscribe:

29.11.2011

„Македонско“ - македонски речник

Не знам дали има некој што не се нервира од помакедончувањето на странски зборови, преку додавање наставки карактеристични за македонскиот јазик или пак членување на номинативната форма. Многумина мислат дека така звучат поинтелигентно, ама мене искрено ми е смешно. Затоа се решив да отпочнам еден „македонско“ - македонски речник, кој ќе биде надополнуван постојано. Добредојдени се сите ваши примери, преку коментари, твитер, фејсбук, гугл+, електронска пошта, гулаб писмоносец итн.

френд - пријател
аксесоар - додаток
фолуер - следач
селебрити - славна личност
креира - создава
импутира - внесува
експортира - извезува
инпортира - увезува
принта - печати
атачира - прикачува
аплоудира - крева
даунлодира - симнува
форвардира - препраќа
шерува - споделува
рефрешира - освежува
апдејтира - обновува, дополнува, ажурира
паблишува - објавува
аднува - додава
лајкува - му се допаѓа
чекира - се пријавува
имбедира - внесува
с’рвеј - анкета, истражување
геп - дупка, јаз
бјути - убавина
мејкап - шминка
сетап - подесување
екстерен - надворешен
интерен - внатрешен
маус - глувче
букмаркира - обележува
процесуира - обработува
компајлира - составува
тајмлан - временска линија?
продукт - производ
бренд - марка
адвертајзинг - рекламирање
апрувира - одобрува
комитова - се обврзува
блондинка - русокоса
бринета - црнокоса
тренди, фенси - модерно
логира - најавува
меморабилија - сувенири
асајнира - доделува задача, задолжува
нотес - бележник, тефтер
њуз - вести
ламентира - жали
дедицира - доделува
буџетира - планира
денса - танцува
клабер - (се бара превод)
хејтер - критичар или мрчатор
таргетира - цели
балансира - воспоставува рамнотежа
кулира - си ужива
публикува - објавува
ресетира - почнува од почеток
спамира - малтретира со електронски пораки
конфирмира - потврдува
делегира - доделува задачи на други
менаџира - управува
аџастира - прилагодува
таб - јазиче
шопинг - купување
лимитира - ограничува
трипува - си замислува, халуцинира (буквално или преносно)
лузер - губитник (човек кој нема среќа)
фолира - се преправа
ивент -настан
сугерира - предложува
имплементира - спровердува
дерогира - нарушува
маркира - обележува
кежуал - лежерно
авериџ - просек
онлајн - на интернет
аванс - капар, плаќање однапред
енвајармент - околина, животна средина
ауткам - исход
мечирање -
кореспондира - одговара
креира - создава
квартал - четвртина, четиримесечје
имплементација - примена
хај - под дејство, издрогиран
даун - нерасположен
аџасмент - подесување
тригер - прекинувач, каписла, повод
екстрахирање - вадење, извлекување
калибрација - подесување
се фолира - се преправа
трики - сложено, зезнато, комплицирано

Благодарност до сите оние што се решија или ќе се решат да придонесат за овој потфат.

26 коментар(и):

Pirgan said...

апдејтира - ажурира, мислам дека е подобро...

Внукот said...

Дополнето.

bogat martin said...

Abe komso ti mnogu kulturen,go zaboravi FUCK :)

Филип said...

Нотес (Notes) - Бележник, Тефтер

Доста грубо помакедончен, но доволно долго присутен во јазикот за да стане дел од него. Веројатно истото ќе се случи со некои од наведените зборови во листата. Ништо страшно

Anonymous said...

И овие зборови кои ти си ги ставил како македонска варијанта не се македонски:
адвертајзинг – рекламирање
апдејтира - ажурира
с’рвеј – анкета
бренд – марка
адвертајзинг – рекламирање
тренди, фенси – модерно
меморабилија – сувенири
нотес - тефтер

Внукот said...

Реклама на пример е збор кој бил прифатен во македонскиот јазик, за нешто ново што се појавило. Адвертајзинг е англиски збор кој само е транскрибиран на кирилица и неретко се членува. Се надевам дека ја гледаш разликата.

Luna said...

еве мал придонес...


дедицира - доделува
буџетира - планира
денса - танцува
клабер - хмммм немам превод :-)
хејтер - критичар или мрчатор :-)

п.с. супер ти е идејата за МКД-МКД речник!

Luna said...

чекира - проверува
таргетира - поставува цели
балансира - воспоставува рамнотежа
кулира - си ужива
публикува - објавува
твита - користи twitter :-)
блогира - пишува блог
ресетира - почнува од почеток
спамира - испраќа безброј електронски пораки (и тормози!)
конфирмира - потврдува
делегира - доделува задачи на други
менаџира - управува
форвордира - препраќа
аџастира - прилагодува

Ееее се занесов...ама има многу дефинитивно! :-)

Aleksandar said...

Ако под имбедира мислиш на embedding тогаш внесува не е најсоодветен превод.
Процес(у)ира, ако се исфрли буквата у тогаш станува македонски збор.
Исто така compile во поглед на програмирањето е многу повеќе од составување.
Мене лично многу ме нервира зборот едукација иако се повеќе и повеќе луѓе го користат наместо образование.
За крај предлагам сите да користите Firefox на македонски за полесно да се навикнете на македонските термини, како што јас на пример го користам зборот јазиче наместо таб ;)

Внукот said...

Луна, фала за огромниот придонес, ќе ги внесам во „речникот“ најбрзо што можам :)

Александар, дај твои предлози за преводите, оти не се ни најточни, ниту пак единствено. Ова е онака првично нафрлено и сите сугестии се добредојдени. :)

Anonymous said...

лимитира - ограничува,
се трипува - си замислува,
лузер - губитник у буквален превод(си нема среќа :)

Јована Тозија said...

кастмер, бенефити, бенџмаркс, сентенца... ко ќе ми текнат други, пак ќе ти пишам :)

Anonymous said...

Нажалост "Бренд" не може да се преведе со "Марка". "Бренд" претставува перцепција на луѓето за определен производ, а "Марка" е субјект кој правно се регулира. Затоа "Бренд" мора да се прифати како таков :)

Anonymous said...

фолира,ивент,сугерира

Bi said...

Види, како што рече и Филип, многу од овие ќе станат дел од нашиот јазик и тука нема ништо чудно и лошо. Како и што може да се забележи и во последнава твоја реченица:
Добредојдени се сите ваши примери, преку коментари, твитер, фејсбук, гугл+, електронска пошта, гулаб писмоносец итн.
Здебелените зборови не се изворно македонски, ако воопшто знаеме тоа што значи. И внесувањето на нови зборови, бар некако го обогатува јазиков, кога пола од нашите стари веќе не ги ни користиме, зашто ни звучат преархаично. Ми се случи на работа, во превод на реклама, да не сакаат да го прифатат зборот „ветво“ поради таа причина, иако тоа е единствениот збор што го означува токму тоа.
Сега вистина понекогаш се претерува, ама искрено голем дел од горенаведениве, јас не сум ги сретнала некој да ги користи.

Внукот said...

Немам ништо против прифаќање нови зборови. Компјутер е многу посоодветен термин од првично предложениот сметач. Но, постои начин како тоа да се изведе. Помакедончувањето звучи многу лошо, т.е. како иселеници кога се обидуваат да зборуваат македонски по 20 години живот во Австралија - дојдовме со карот, по Партизанска стрит итн. :)

Внукот said...

Примерите, во најголема мера се принесени од други луѓе, оти мене не ми текнуваа повеќе од 10-15 (она, кога треба да набројуваш во мигот, ништо не доаѓа на ум).

Anonymous said...

реклама преведено како “ветво“? хмхмхм, реклама значи , да разгласуваш, да фалиш (нешто или некого)

bogat martin said...

Митинг - собир

Anetata said...

Македонскиот збор за „подесување“ е нагодување;

за бренд и марка се сложувам со претходниот коментар - во никој случај не се синоними;

буџетирање не е исто што и планирање- „буџет“ е легитимен збор па според тоа треба да е и буџетирање (или можеби планирање на буџетот?

квартал е точно четвртина, но четвртина од 12 месеци = 3 месеци и според тоа тримесечје (не четиримесечје и не трОмесечје)

Thumbs up за идејата (морав на англиски :)

Luna said...

Еве денес добив еден мејл што почнуваше вака:

Fala mnogu za responsivnosta.

Превод-немам. Варијанта во смисла благодарам на соработката или нешто слично... :-)

Anonymous said...

квартал - тромесечје
мечирање - спојување
имплементација - спроведување
калибрација е прифатено и кај нас
буџетира - планира финансиски средства
буџет прифатен е зборот и кај нас, а означува финансиски план

Anonymous said...

аџастира - прилагодува, нагодува

Anonymous said...

Fala mnogu za responsivnosta. = достапност

Goran Peoski said...

хејтер - омразувач или мразач, не критичар или мрчатор

Zlatko said...

Преку твитер почна многу да се силува значењето на зборот карактер, кој кај нас означува човечка особина, така што многу ретардирано звучи 140 карактери наместо 140 знаци.