Pages

Subscribe:

15.11.2011

Говор на омраза?

Никогаш во животот не сум му отишол некому дома или во дворот за да му кажам дека е глупав, идиот, нечовек, (вметни квалификација по избор) и сл., дури и кога го заслужувал тоа, дури и кога си го барал. Едноставно, немам потреба. Од друга страна, ако некој дојде кај мене дома и ми каже такво нешто, нормално дека ќе му вратам четири пати пожестоко, без разлика дали тоа е продавач на правосмукалки, случаен минувач или непознат сторител.

Кога првпат почнав да пишувам на интернет, уште бев млад. Тогаш, не бев доволно упатен за проблемите со троловите. Несреќно одбраната платформа на оф.нет, како никоја друга во светот, дозволи доаѓање на орди тролови кои директно и недвосмислено ги негираат: мојата држава, мојот јазик, мојата нација, а следствено на тоа и мене. И не зборувам за негирање во форма на научна дискусија, туку токму како што тоа изгледа - со тролање и навреди. Младост-лудост, па лесно потпаднав на дел од провокациите и вратив со иста жестина. (Подоцна во животот си ја научив лекцијата - тролови најдобро се суредуваат со игнорирање и оттаму дојде до тоа да има модерација на коментарите на овој блог.)

Пред малку го прочитав натписот на Глобал војсис, за „говорот на омраза“ помеѓу Македонија и Бугарија. Во тој текст е посочен блогот на брат ми, @DarvelMK, како еден од блоговите што често се служи со говорот на омраза. И како за белја, од сите нешта што тој емотивно ги доживеал и искажал преку тастатурата, авторот на оригиналниот текст се фатил за моментот со кражбата на фотографијата од мојата семејна архива.

Во тој случај, на бугарската википедија беше објавена статија за Цветко Христов, еден од моите прадедовци од Присовјани. Месец дена претходно имав обид да започнам статија за тројцата браќа војводи од фотографијата, но по впишувањето на основните податоци и моето заминување за Струга, за да ги истражам деталите од нивните животи, генијалните администратори на нашата википедија ја имаа отстрането целата статија. Тогаш ми стана јасно дека попусто се трудиме и со деца не се садат тикви. Ама, затоа, на бугарската пишува дека овие луѓе биле бугарски војводи. (Ама, овој самоуништувачки ген кој си го носиме е приказна за некој следен пост....)

Случајот се разреши откако реагирав до администраторите на тамошната википедија, на англиски јазик и им се заканив дека ќе ги пријавам кај главните администратори (откако одбија да ја отстранат), поради тоа што дигитализацијата претставува своевидно авторско дело и покрај тоа што фотографијата потекнува од 1903 година. Но, погодете што? Овие настани доведоа до уште една посета од неканетите гости во мојот двор. Ми пишуваа коментари дека сум бил одроден потомок на големи луѓе, предавник, бугар во заблуда и сл. Звучи познато?

Никогаш не сум бил за вербални конфликти без потреба, за навредување луѓе кои не ми сториле ништо, омраза без основа, итн. Но, исто така не можам да се согласам со неолибералните срања кои се темелат на „сврти го другиот образ“. Повлекувањето во мигот ги смирува страстите, но кога доволен број пати ќе се повлечеш зад линијата, на крајот ќе отпаднеш преку работ на светот! Можеби, кога ќе ми бидат приложени докази од барем една друга земја која ќе дозволи на тамошен сервис да биде негирано целото нивно постоење, ќе размислам, дотогаш, ќе си останам на ставот дека ова е уште едно претервуање од епски пропорции!

Од една страна, се бориме за слобода на говор, а од друга страна кога на куп навреди ќе се одговори со соодветен речник, тоа станува говор на ормаза? Говорот на омраза е директно сврзан со контекстот. Ако јас излезам на улица и на случајно одбран минувач му речам деген, тоа ќе биде говор на омраза. Но, ако тој ист човек ми влета во двор и ме нарече - монголоидна комунистичка фабрикација, тогаш бидете сигурни дека називот „татар“ ќе биде само природен, одбранбен рефлекс.... Оти кога некој ќе ви ја побара раката, треба да му го дадете средниот прст.

6 коментар(и):

Anonymous said...

состојба Македонија 1880 година.
748 основни и 63 класни бугарски училишта со 25.996 ученици и повеќе од 1.000 учители.
И ти ова го нарекуваш бугарска пропаганда!?

Внукот said...

Апсолутно. Едно, затоа што Македонија сè уште не била (до)оформена како нација, а друго, затоа што побудите за широката прифатеност на овие училишта биле пред сè религиски - едукација на поблизок јазик, наместо фанариотската опција - грчки јазик. А сепак, постоеле и голем број грчки училишта, подоцна и српски. Да не сме и Грци и Срби, истовремено?

Anonymous said...

„Голем број„ на грчки и српски училишта. Колку голема?

Среде турското „ропство„, без насилна принуда, луѓето од Македонија ваделе пари од џебот да платат да се градат училишта.
Тоа го нарекуваш апсолутна бугарска пропаганда.
Морам да признаам дека не ми е јасен резонот.

Внукот said...

Не планирам да ти држам лекции по историја. Она што денес се случува со секоја религиска институција се случувало и тогаш. Бугарската црвка е призната од Султанот, му плаќа данок. За сметка на тоа, може да си ја тера пропагандата непречено. Во спротивно, што ќе имало училишта, ќе се прашавме.

Кликни на линкот до фотографијата од комитите. Пишува - тројца браќа, борци за Македонија. На бугарските објави овој дел чудесно е исчезнат. Како и многу други работи.

P.S. Дури и сета таа пропаганда да е базирана на вистина, велам ДУРИ и да е така, повторно, по логиката на правото на самоопределување, бугарската политика кон Македонија во денешно време повторно е смешна. И ти го занеш тоа.

Anonymous said...

Бугарите и онака не се мешаат во определувањето на Македонците денес.
Барем мене не ми е познато.
Си гледаат и си свиркаат.
Ама да тврдиш дека пра пра дедо ти бил силно пропагандиран, е во најмала рака смешно.

Anonymous said...

800 училишта се градат со радост.
Нема друг збор што подобро би го квалификувал настанот.
„Пропаганда„ никако!
Само на лош човек може да му дојде на памет таков збор.