Pages

Subscribe:

14.11.2011

Биди сељак!

Пред некое време се најдов во недоумица. Како што обично бива, маките беа поврзани со жена. Не можев да проценам дали една девојка која од поодамна ми се допаѓа е благо наклонета кон мене или пак халуцинирам. Решив да прашам неколку пријатели. Одговорите кои ги добив беа, медиумски кажано, фрапантно скандалозни, на граница на сензационални!

Речиси без исклучок, т.е. со само еден исклучок (или помалку од 10 проценти од испитаниците), сите ме советуваа, народски кажано, да бидам сељак. Во превод, ова значи дека јас треба да ја игнорирам, да се однесувам грубо, ефективно да ѝ покажам дека не ме интересира и дека немам никакви чувства за неа, за таа да се заинтересира за мене.... Што е уште поинтересно, поголем број од луѓето со кои зборував беа жени.

Со оглед на тоа што уште од раѓање живеам во Волково, не би требало да ми е никаков проблем да бидам сељак. Арно ама, како што искуството ми покажа, не можам, дури и кога се трудам, да се однесувам така со луѓето кои ги сакам, најмалку со жените. Што знам, можеби е до воспитувањето, ама чинам дека имам преголема почит за да се однесувам како кретен.

За да ги следам до крај советите на пријателите, јас требаше да ја сменам својата суштина, да направам детален план, со елаборат и нацрти, да потрошам еден месец од животот само на тоа, при тоа преправајќи се дека ич не ми чуе за тоа што се случува. На крајот, можеби ќе завршев со девојката во прашање. И што потоа?

Во ситуација кога ви е потребен сељак спроти вас за да бидете заедно, после се чудите што ќе бидете несреќни цел живот? Ако е потребна глума за да почнете да бидете со некого, што останува за понатака? Што кога ќе излезе вистинското лице на виделина? Ќе глумиме среќна врска пред луѓето надвор, да не ни се смеат, а штом ќе останеме сами, секој во своја соба и очи да не си видиме до следното излегување....

Еднаш, ми се случи да се однесувам со едно девојче како сељак, но ненамерно. Не ми беше ни паднато на ум дека јас и таа треба да бидеме заедно. И погодете што? Се вљубила во мене. И не само тоа, мислам дека најмногу ме сакаше од сите жени до сега. Убавко девојче, пријатно и згора на сè ѝ светнуваа очите секогаш кога ќе ме видеше. Можеби поради тоа, тогаш првпат (и последен) направив нешто без да имам причина за тоа. Си велев - а, што ако има нешто, а јас само не сум свесен за тоа? Иако ми е јасно дека секогаш знам дали има, уште по првите 4 секунди муабет....

На крајот ја повредив, затоа што не почувствував ништо што треба да почувствувам. И ден денешен ми е жал за тоа. Ама пак од друга страна, што ако јас останев со неа, затоа што така е најлесно, затоа што тоа е начинот на кој функционираат огромен број луѓе или пак за да не ја повредам? Ќе поминеше време, јас немаше да ѝ посветувам ни приближно доволно внимание, таа ќе се чувствуваше запоставено, јас ќе бев несреќен и ќе барав други нешта со кои ќе се занимавам, само за помалку да бидам со неа, по што и таа ќе станеше несреќна.... Која е поентата да си со некого, ако не се радуваш од сè срце секојпат штом ќе го видиш? Која е смислата во тоа да си покрај некого, ако не би го превртел цел свет само за да го видиш уште еднаш? Која е целта на врската со некого, доколку не би си ја продал душата на ѓаволот, само за да биде твој?

Размислив за советите, но не ни почнав да ги применувам. Не можам! Не знам како. Сентиментално-роматнично копиле сум се родил, такво и ќе умрам. И кога ми се допаѓа некој, ќе најдам некој чуден начин да му го соопштам тоа. А, ако се изгорам, чудо, ни прв ни последен пат. И онака, за да дојдеш до најголемото богатство, мора да поминеш низ многу мочуришта. Ако запреш кај првото грне со два златника во него, тогаш и најобичниот куп земја ќе ти изгледа како најголемата планина на светот.

А и не се случува секој ден да размислиш за качување на жичарницата на Водно, само поради нечија насмевка....

5 коментар(и):

SOTIR said...

Пошто вака сакаш, ете јавно да дебатираш. Јас сум од тие што ти викаат поинаку да изиграш. Не да лажеш, не да крадеш, не да бидеш друг, туку ти самиот да се прикажеш во поинакво светло. И самиот и да спознаеш еден друг ти. Јебеш ако секој човек што го сакаш си го запознал и засакал на единствениот начин на кој тебе ти одговора. Каде е тука забавата? Каде е тука романтиката? Ебано себично е... Ништо повеќе од тоа...

Ти мене ми се свиѓаш и јас ќе ти кажам за тоа кога мене ќе ми одговара, на начинот на кој јас ќе го изберам. ДИСКУТАБИЛНО во најмала рака...

Ајт сеа идам СОА да гледам...

аждер said...

само еден исклучок? што беше советот што не беше „сељак“?

Внукот said...

Не сакав да дебатирам, ако сакав ќе те посочев директно, ама нека ти биде. Ако убаво го прочита постот, сигурно виде дека сум ја спознал и таа „друга страна“ и не ми се допаднала. А, ако кога имаш нешто и го криеш активно и тоа долго време, имајќи задни намери баш со тоа нешто, како е ова различно од лажење?

Никогаш не е истиот начин, ама секогаш е мојот начин. Love it or hate it.

И јас морам да ти кажам дека ми се допаѓаш, кога ми се допаѓаш. Толку.

Аждер, премногу е сложено за објаснување тука. Некогаш на пиво.

Luna said...

Ме чуди што така те советувале и тоа жени, да глумиш и сл.
Биди ТИ, се друго е залудно губење време. ;-)

аждер said...

другата страна? демек има само две :)

абе просто е, ќе бидиш искрен со тебе и со неа и ќе и кажиш.

само не и кажувај со зборови пред да да и кажиш без зборови ;)