Pages

Subscribe:

26.6.2011

Жените на фронт!

Се прошетав денес низ мојот град, сосема случајно и зедов да си размислувам на слободни теми. Ги гледам спомениците наредени на секој агол. Требало или не да постојат, повторно ќе кажам - веќе не е важно, на некои луѓе им е потребен потсетник за тоа кои се и што се, ги побарале, спомениците се тука, наши се и ќе си стојат, такви какви што се.

Тогаш се сетив на некои од шегите што ги чув изминативе денови за пенисот и тестисите на коњот од незнајниот воин на средината од плоштадот со името на мојата земја. Не ме чуди, живееме во општество со фалоцентрична култура. Токму затоа не ме чуди ниту фактот што саде мажишта го беа окупирале центарот на Скопје. Дури и животињи има повеќе одошто жени. А единствените женски суштества претставени како споменици се оние неколку споменици на глупоста што ја величаат жената како форма без содржина („шмизли“).

Сакам споменици од Сирма Војвода, Ибе Паликуќа, Вера Јоциќ! Каде во историјата пишува дека за да бидеш инспиративен воин треба гениталиите да ти висат? Жените херои од нашата историја треба да се почитуваат многу повеќе одошто мажите, од проста причина што излегле да се борат и покрај фактот што тоа било табу тема (слично како и денес кога сè уште постојат „машки“ професии“, кога постојат дежурни комшивки што бележат со кого и колку често биле видени момите од маало, кога на жените им се одредуваат улоги од мажи со бради и мажи во костуми - а тие со радост ги прифаќаат тие улоги). Овие храбри жени излегле да ја бранат својата земја наместо да седат дома и да чекаат да бидат силувани од некоја непријателска војска. Ја скршиле традицијата затоа што размислувале со своја глава. Знаеле дека светот нема да пропадне ако не научат совршено да плетат, но ќе пропадне ако ја загубат слободата!

Спроти собранието постои парк што се вика „Жена борец“. Во него се наоѓа еден ситен споменик. Наместо тој да биде реконструиран или зголемен, од другата страна на улицата ќе биде поставен Никола Карев, два-три пати поголем од овој споменик, чисто за да се види кој е кој. Постои симболика во сè и ништо не е случајно....

Жени, ве сакам, но дали навистина некој треба да ве потсети дека сочинувате преку 51 процент од населението во Македонија? Дали сакате засекогаш да останете заробени во свет каде што бронзените пениси се фокусот на вниманието на јавноста? Секако, ќе ве поддржам во битката за еднаквост, но никој освен вас не може да го поведе тој бој! За доброто на сите, се надевам дека во брзо време ќе се појават модерните еквиваленти на Сирма, Ибе, Вера....

24 коментар(и):

kidK said...

види фотос :)

Anonymous said...

дигање на моралот со определување посебна целна група, жените, плус удирање во најболната точка за нив, специфично за жените, феминизмот и нивната борба за еднаквост со мажите, која демек некогаш ќе биде, жими таквото!
ова е ептен сомнително бре деца, работите по сите правила на организираната борба, само не кажувате кој ве организира, што е најинтересно. а тоа дека самите се организирате, не ви држи, оти да бевте толку јаки, ќе си направевте партија и оп, право во собрание. или веќе тоа ви е во план, за наредниот пат!? ај ќе видиме, дали од вас ќе испадне некој Филип Петровски! некаде по врзаниве постови, твитови и разноразни памфлети, некој спомна и литература, според која била водена поголем дел од револуционерната борба во блискиот исток и северна африка. ова нешто големо ќе испадне, а!? се спремавте за ова оддамна и чекавте некој ваков случај, па да се распукате со сите оружја или и тоа случајно испадна!? многу ми е интересно, дали некој ги осуди оние набљудувачи кои немо гледале како се одвивало убиството или мислеле дека се снима некој филм или скриена камера!?

Внукот said...

Камо да имаа луѓево храброст да се потпишат на своите коментари (кои е повеќе од очигледно кој ги пишува). Без разлика, чичко, овде не станува збор за темата за која беседиш и затоа нема да ти одговорам на коментарот. Остани ми со здравје.

Anonymous said...

внучко, ти ги памтиш проблемите со коментарите, блоговите и сите оние изгубени страни на домашниве портали? сега е некаков проблем што google дозволува анонимност и јас си го користам тоа право? или правата се субјективна своина на некој кој ќе си ги побара со митинг!?
тема? која тема!?
Жените на фронт!? кој фронт? против кого!? каде е тој фронт!? смешно е бре!
а за храброст, треба да имаш храброст да им се понижиш на жените дека ќе се бориш за нивната еднаквост, против кого? против сите други мажи? смешно!
фала на спремноста да објавуваш анонимни коментари!

Внукот said...

Смешно е затоа што ставот, конструкциите на речениците и клучните зборови се идентични на човек со кого веќе полемизирав на темата протести. Остани си анонимен, не е случајно оставена таа опција.

Да, ја имаш утнато темата. Зборувам за еднаквост на жените, ти ми зборуваш за организација на протести и ми се обраќаш небаре јас сум главен таму. Не сум.

И не, не мислам дека мажите треба да загубат нешто за да дојде до еднаквост. И да, мислам дека трите народни херои (кои по некоја случајност биле жени) заслужуваат свои споменици, еднакво големи колку тие од машките херои!

Anonymous said...

уживанција, се губиш во старт!
насловот ти е:
Жените на фронт!
на кој фронт бре!?
спомнуваш народни хероини кои се бореле против окупација! свесен си за аналогијата?
ние под окупација ли сме!?
од кого? како тоа не го знае цела Македонија, само ти или тие околу тебе?
скроз на скроз погрешно.
само знаеш како, ќе помине време, ќе протече многу вода под камени, ќе се расветли многу од маглава.
video на ал џезира, литература за мирни протести, иако гледам многу гласни свирчиња има, што се коси и со многу закони, кои нели барате да се почитуваат. интересна тактика и контакти.
знаеш уште што ми беше најсмешно?
кога Дамјан, кој случајно го запознав во КИКА, со некоја екипа испадна на А1, па сите викаат нема никаква политичка позадина, а само една женска, од десно мислам беше, спомна, онака срамежливо, па што, можеме и партија да направиме. што е нормално уставно загарантирано, секој може да се организира политички, но срамно е да се искористуваат вакви лични трагедии на луѓето, за лични цели! немој да мислиш дека нема да се појави некој, кој ќе јава на бранот на незадоволството на цела оваа група, тоа ми е поентата. такви ме нервираат. утре ќе си влезат во политика и ич стојко нема да ги боли, што и како било, е или како ќе биде. а инаку барања, легитимни, правно издржани и формално точни, никој не може да го спречи никого да поднесува, ни до правобранител, ни до пратеници, ни до никого!
немојте да дозволите да бидете овците за стрижење, оти ова не е прв пат, да се појават овците во стадо, а кога ќе ги снема, потоа волкот да шета со дебел врат.
колку романтична беше и сликата на парот кој се пикнале под црната вреќа, обична копија на канаѓаните, при протестите за спортски натпревар, барем да беа оригинални бре!
знам дека е судир на генерации, знам дека сакате да се извикате, а имало убави псовки слушам, нема добри фудбалски утакмици, Вардар е срамно вратен во прва лига, ама ако продолжите вака до септември, како што гледам дека се најавува, не знам колку ќе издржите, а да не навлезете во непозната територија на несакани настани и назадување на економијата.
кои жени, на кој фронт, објасни ми го тоа!?
и како ти ќе се бориш за нивната еднаквост, против кого, против мене!?
оти јас сум за нееднаквост!
зато што и не сме еднакви, кога јас ќе можам да раѓам, тогаш и они ќе можат да си ги чешаат јајцата!

Anonymous said...

де бре внучко, најголемиот коментар ли нема да го пуштиш?
срамота. мислев имаш храброст за се, ама ...
поздрави ја Кираца и кажи и слободно дека не сум авгантура
и деки, дај да видиме кој е во организација, ако ете не си ти. кој прв почна, освен ТАтанасоска, која се фали дека она е зачетокот на ова. кога некој пост, по грешка бил разбран поинаку.

Anonymous said...

@JulijanaKiraca Нека му биде, кој и да е. Секој има право на свое погрешно мислење. ;)
уште нешто малечок, секој има право на свое мислење!
тоа погрешно ти е погрешно вметнато, или не си ги дочитал книгите за ненасилни т.е. мирни протести. убаво си пишува таму, „не претерувај“!
ама интересно е како одма тебе ти се познати ставот, конструкциите на речениците и клучните зборови

Anonymous said...

ништо внучко и од тебе, остануваш во историјата на цензурата, како споменик на едноумието, ние кои имаме свое погрешно мислење не сме за овој простор, кој ти мислиш дека си го окупирал, е па не е така, ќе си читаш или поедноставно ќе си ги бришеш коментариве, кои чекаат твое одобрување, по неколку на ден.
знаеш зошто внучко, оти го претеравте, ај што почнавте протести, имавте легитимна цел, ама кога ја остваривте, убиецот е фатен, има истрага, продолжувате понатаму, па сега Искриќ бара протести и во фамилиите!? па тоа се разводи, или се лажам? ќе има само барања за феминистички отстапки од страна на мажите, бреј што групација ќе бевте!?

Anonymous said...

а може и си легна?
децата треба да спијат после 11

Anonymous said...

да ти кажам право ме извади од контакт со големиот коментар, кој не сакаш да го пуштиш или го избриша, ама јас сум големо злопамтило.
и не знам да пишувам молчаливи песни.
глупо е.

Внукот said...

Човеку, полека и смирено. Да, луѓето што работат мора и да спијат некогаш. Ќе ти одговорам на коментарите што се однесуваат на овој пост, а ти можеш да си зборуваш за протестите до утре, ама како што ти реков, овде протестите не се тема на муабет и не знам како го поврза тоа со еднаквоста на половите.

Модерните битки се битки на идеи. Како и сите други видови битки, и тие имаат фронт. На овој фронт можат да застанат само жените и никој друг, бидејќи е нивна битка. Затоа пишува во текстот „модерниот еквивалент...“, а не “новите...“, зборувам за нивната борба против окупаторот со која заслужиле да имаат споменици. И зошто е еднаквоста толку страшна? На крајот, жените сепак се мнозинство во државава, па ако некој се залага за нееднаквост, тоа може да отиде во чудна насока.

Нешта напишани на твитер може да бидат одговорени на твитер, не тука.

На крајот, не ме обвинувај за нешто што не сакаш тебе да те обвинуваат. Се’ додека не навредуваш или спамираш, коментарите ќе ти се објавуваат, без разлика колку и да не се согласувам со идеите изнесени во нив. Модерацијата е поставена поради руските спамери!

SOTIR said...

Абе ја од кога му зборам на @Vnukot дека не објавува коментари ехееее...
@Anonymous види вака друже, имаат да се борат македонските јунакињи уште многу, кај се во парламентот тие 51%? Каде се во менаџмент структурата на било која компанија тие 51%? Колку жени менаџери знаеш? Колку жени лидери на партија? Е кога ќе пркнат на тој план ќе можат да побараат и споменик и било што, до тогаш има уште лавови да се редат...

Томислав Госевски said...

Чекај...чекај...да не направите кавга без врска...не сум јас тој што коментира овде како анонимен. Прво...никогаш не сум анонимен...второ...оваа тема не ме интересира, па не ни прочитав се до крај. Само коментарот го видов каде авторот очигледно мисли на мене и мојата полемика со него околу протестите. Веројатно не сум само јас тој кој полемизира со авторот. Колку да се знае, иако и онака мене за се ме обвинувате, за мрчење , за спамирање и за гњаважа. Само им ја кажувам вистината на луѓето во лице, а тоа очигледно го доживуваат како спамирање. Нивни проблем.

Томислав Гошевски said...

п.с. Сега прочитав малку од коментарите...да признаам и личи на мене...чудно. Веројатно некој ме копира, или се зголемува бројот на луѓе кои си го кажуваат својот став и онлајн, а не само со не присуство на протестите. Хммм...

Внукот said...

Томиславе, ако не си ти, јас еве јавно ти се извинувам, бидејќи знам да признаам кога ќе направам грешна претпоставка, макар и кога не сум ја искажал, туку само сум ја навестил. А дека личи, личи, но постои шанса некој и да имитира, според тоа, еве - моја грешка!

Anonymous said...

@SOTIR ти или не ги разбираш работиве или сосила се правиш таков. Ете ти пример за менаџер од женскиот пол, ТАТ Менаџер, прогласена за менаџер на годината, далечната (која ли беше?), или тоа не ви се спомнува!
ај да одиме со ред.
пак со насловот:
Жените на фронт!
Ако треба да бараат феминистички права, или ај да не навредам некоја припадничка на женскиот пол, женски права, од кого ќе ги бараат и според кој клуч? Полов или некој ментален, оти да се разбереме, има и многу од протестирачите, мажи, кои се чувствуваат како жени! Или обратно. Да не се лажеме сега.
Ако е чисто полов, т.е. медицински исправен, како оние од Нигерија, ако се мажи, немаат права да играат за женска репрезентација, така!?
Значи ако јас не смеам во женска репрезентација, како маж, не смеат ни они во машка! Каде е тука еднаквоста!? Си имаме убаво поделби и готово!
Имате машко и женско WC. Ќе ве примат во женско WC или ќе ви викнат полиција?
Кој кого лаже, не знам. Еднакви. Во што еднакви, во умот?
Ни во тоа не сме еднакви.
Да се немало мерка значи!
И пази, контрадикторен си, сигурно си бил изморен кога си пишувал, ај ќе ти простиме. Ама спомнуваш дека ќе им помагаш на фронтот, а потоа викаш дека само сами можат да си ја бијат битката, никој не може да им помогне, во коментарите!?
Кој кого лаже и зошто!
Зошто окупаторот, т.е. ти, како олицетворение на нашиот машки пол, би ги повикувал жените, против себе!? Нејасно, скроз!
Туку ајде, ете си бил изморен, преслушај се, па почни одново. А за твитовите, како тоа ЈулианаКираца има право да ме коментира мене на твит, а ти си се посрал од страв, да коментираш овде за тоа. Кој од кој позбунет!
Па вие направивте цела мрежа со сите сервиси заедно, web2.0, чичо ги знае сите салтанати, немај гајле, интернетот не почнал од вас. Нема ни да заврши, за жал. Иако убаво би било кога би го расправале ова со пиво и да коментираме цицки, кои ете @Azder ги предлага како нареден сврзувачки елемент кој треба да ве одржи до септември, инаку кој е будала да се пече на сонцето, за џабе, а? А пак феминистките веднаш се подадоа, нема проблем, ако е за поголема цел, ќе се откажат и од своите права да бидат третирани како нормални човечки суштества, со своја индивидуалност, па ќе ги покажат и нив, т.е. нивните адути, т.е. цицките. За тоа ли ќе треба да им се дига споменик, иако ни си знаеме измеѓу себе, дека ако го направат тоа, нашите „споменици“ ќе бидат дигнати во нивна чест!
И ти будала оди брани ги нивните права. Јас немам проблем, ама ако пробаш да ги земеш од мене, правата да ги третирам како сексуални објекти, не знам како ќе заврши битката!

Внукот said...

Анонимен, повторно ќе те прашам, зошто по ѓаволите упорно коментираш за простериачите, кога овде станува збор за споменици од народните херои жени?

И види: „...ќе ве поддржам во битката...“ е потполно во склад со - секој сам се бори за своите права. Поддршка и помош не е истата работа.

Јасно ми е мене дека постоеле, постојат и ќе постојат луѓе што до последен миг ќе се борат жените да останат потчинети. Но, ете, мене не ми е потребно некој да биде обесправен за јас да се чувствувам подобро.

Anonymous said...

да ти кажам право интересно ми стана, а и ти си бре многу либерален, ама некаде кажа дека си имаш секакви ставови и леви и десни, па и екстремно десни!
ај пак на насловот:
Жените на фронт!
Против кого, од кого се обесправени!?
Па они самите сакаат да ги третираат како сексуални објекти, или сега и самите против себе треба да се борат!? Против своите убедувања?
Обесправени, не би рекол!
Ај провери, седни си на некоја раскрсница и број во колкав мерка ги има зад воланот на најновите модели од сите производители на автомобили. Па праќај статистика, ќе биде интересно, за илустрација на фронтот. Па да видиме колку од нив направиле сообраќајки или заради колку од нив се направени сообраќајки.
Оти ако не го отвориме фронтот, нив и не им текнува, да ти кажам право, имаат обврски по дома, на работа или кај швалерот. Кој бајдуеј се намачиле да го фатат, со сите свои обесправени адути!
Комедии, како бре не им текнува на овие нашиве актерки да станат и малку режисерки, па да направат некоја асолна комедија од нивните обесправени животи!?
Кога ќе ги има повеќе во јавност, може луѓето и повеќе ќе се залагаат за нивните права!
за џабе само се истрча за Томислав, засрами се!
уште еднаш!
и да му пратиш на човекот некој PlayBoy од овде, сигурно таму во Авганистан или каде е сега, не му е лесно да си ги оствари своите сексуални нагони и природни права на размножување! :)

Внукот said...

Во ред, може до утре да се вртиме во круг на темата дали има или нема обесправеност. Секако, постојат жени без памет, но постојат исто толку мажи без памет. Поентата е дека во глобала, општеството, на ниво на индивидуи, ги дискриминира жените. Нивно е да си се изборат за своите права, на фронт против општествената дискриминација, против застарените норми... А јас и натаму сакам да видам споменици од народните херои жени, не само што ми се смачи да гледам само споменици од мажишта, туку идните генерации ќе заборават дека жените придонеле за слободата во којашто денес уживаат.

Нему веќе му пишав извинување (доколку тврдењето е точно!). Јас кога грешам признавам.

Anonymous said...

значи да се разјасниме, овој твој пост нема никаква врска со протестите кои деновиве се одвиваат.
ова е некој нов фронт, кој допрва ќе треба да се отвара, жени против мажи, ама да може и со рака да се игра :)
фронт за нови споменици, овојпат само за жени!
така!? колку јас што те разбирам во твоите коментари, се сведува на тоа.
да не те разберат децава погрешно, не друго.
а за обесправеност, можеме, т.е. можеш и да наброиш некои општествени дискриминации, ако има такви, а јас ќе ти кажам за неколку други, кои не се полови врзани.
левораки - деснораки, (скоро се е ориентирано за вториве)
паметни - глупи, (ова нема врска со горното и не е во никаква аналогија, само мислам дека некои работи на вториве треба поубаво да им се објаснат, што не се случува често, а првите демек одма си разбираат се, што е повеќе од дискриминација)
слаби - дебели, (не се каде можат да се протнат луѓето од толку паркирани автомобили)
ниски - високи, (знаеш колку гранки ми сметаат низ градов?)
стари - млади, (исто, едните послабо одат напред со идеите, а другите веднаш прифаќаат било какви идеи, па и од непознати луѓе)
богати - сиромави, (најголема можна дискриминација)
или сега се потребни жени за омасовување на протестите?
извини пак ги спомнав протестите, ама па и ти не се огради, онака децидно. дека овој пост нема ама баш никаква врска со протестите.
Искра барем го посвети блог-постот за Париз, директно на протестите. И побара да се буни секој за се и сешто, како овде да владее сатаната лично! Ама ти сине немаш муда. Ете си ги користат жените, или девојките правата, ги спречува некој?

Внукот said...

Генијална анализа мајсторе. Секоја чест. Еве ти и најдецидно, за да можеш да спиеш мирно ноќеска - овој пост нема никаква врска со протестите.

Дамјан Георгиевски said...

Не се сеќавам да сум сретнал некој анонимен во КИКА?!

Лабаве Гаче said...

Ем анонимен, ем испран ... Не се секирај, револуцијата ќе почне за испраните како тебе. Кога ќе го осетиш “немиен„ тогаш и на ладно ќе дуваш ... Мило ми е што се шизофренички храниш, па на твојата имагинација и нема крај ... Седи си пријателе пред комп и биди дактилографка ... а ако сакаш да дознаеш што, како, зашто, за парите, за сорос, за циа, за алфа кентаури, слободно пред тереза ... дрес код Људачка Кошуља.