Pages

Subscribe:

30.4.2010

Големата кучковска пирамида

Никој нека не ве лаже за историјата на пирамидите во нашава земја. Без разлика кој се обидува да ја украде славата, јасно како ден е дека првата пирамида во Македонија беше пронајдена од мене, над селото Кучково.


Експедицијата беше направена кон крајот на летото, далечната 2009 година, а ова е фото-записот од тој неверојатен настан. По долгото трагање и натчовечките напори направени во таа прилика, успеав да дојдам до тајната локација која оддалеку наликува на празен простор, а сепак крие чудесии.

Некои прилично учени луѓе ми потврдија дека степенот на развиеност потребен за да се изгради оваа, којзнае колку стара пирамида, е огромен. Зошто била изградена, која била намената и каде отишла нејзината основа, никој не знаеше да каже. Но, едно е јасно - оваа градба е постара и од универзумот.

2 коментар(и):

AHA-g-nocii said...

Постара од Универзумот. ЛОЛ

Dарgамеl said...

претера :)))