Кажете „не“ на јадењето  

Posted by Внукoт

По серијата кампањи што ги навестија прекрасните закони што ни „подарија“ сѐ нови и нови слободи, ни преостануваат уште само неколку за да станеме вистински надлуѓе. Но, чекор по чекор. Одиме со првата.

Оваа кампања е против јадењето. Јас, уште еднаш, си зедов слобода, без надоместок, да им помогнам на рекламните агенции во креирањето на првата реклама од кампањата. Во секој случај, полоша од сегашниве, не може да биде.



Кампања (сценарио)

(Човек стои во потполно мрачна соба. Единствено тој е осветлен од рефлектор директно над него. Стои збунет и се чеша на главата)

Дневно трошите во просек 300 денари на храна (морничава музика, по можност „Токата и фуга“ отсвирена на евтин синтисајзер);

Месечно, тоа се 9000 денари (гореспоментата морничава музика продолжува);

Годишно, за јадење, во неповрат ви одат преку 108 илјади на нешта кои и онака ги исфрлате од себе за најмногу еден ден (одново морничавата музика тече);

Па, ако вашето дете ви побара пари да заврши уште еден факултет и во следниот киоск, а вие му речете дека немате, тогаш или сте лош родител или не ви оди математиката (инспиративна музика, по можност "Amazing Grace" oтсвирена со истиот евтин синтисајзер);

(Затемнување, неколку секунди молк, а потоа одново продолжува рекламата. Човекот и натаму се чеша на главата)

Како директна последица на секојдневното конзумирање храна се јавуваат: прекумерна тежина, покачен крвен притисок, срцеви заболувања, респираторни проблеми, дијабетес, во некои случаи и гангрена....

(интермецо со морничава музика, па преод кон инспиративната музика)

Тогаш зошто не престанете да јадете? Вашето тело, а и вашите деца ќе ви бидат благодарни.

Крај

По дистрибуцијата на приложениот постер, ќе се воведе и забрана за продажба на храна по 19 часот.

2 коментар(и)

правильно, жрать надо меньше!

It's a text based on irony, as a response to the campaignes against smoking in my country that are pretty idiotic, almost as they were made for small children. But, sure, eating can be a problem. A big problem! :)

Post a Comment

ѐ ѝ

Цитати

„Не очекувај ништо од небото и тоа ќе ти подари студен дожд“ - „Последниот човек“

„За некого да го забодиш во грбот, прво треба да застанеш зад него“ Thunderf00t

Последни постови

Симни бесплатно


v.deko@yahoo.com

Блог за Јован Котески

Јасна Котеска

Новини за современи луѓе

Arsenal Macedonia


Едно дете отишло во градинка еден ден со капче од Арсенал. Учителката го прашала:

- Зошто навиваш за Арсенал?

- Зашто мама и тато навиваат за Арсенал - одговорил.

- Тоа не е добро. Што ќе правеше ти ако твоите родители беа дилери на дрога и курви?

- Тогаш ќе навивав за Тотенхем!