Пред некој ден се замуабетив со едно девојче и темата се сврте кон онаа прва книга која ја издадов, откако ракописот победи на анонимен конкурс. Одамна веќе немам примерок ниту за мене, но затоа тука е електронската верзија на книгата, објавена под лиценцата на Криејтив Комонс. Месеци наназад, од најпогрешните причини на светот, го имав тргнато линкот за симнување од блогов. Но, затоа решив да направам апдејт на овој пост и линкот повторно да биде поставен. Кому му се чита, клик на насловната страница и повелете: „Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија)“.

Задна корица




4 коментар(и):
За жал, PDF е оганичувачки кога треба да го претворам во .mobi формат за на Kindle.
Многу полесно се прави ако ја имам во друг формат, како html, odt, epub ...
Пак ќе се пробам со pdf, но кажи ако можи да помогниш со подобар формат.
Ја немам во друг формат. :/
Еј, јас само што те открив. Открив некој кој ги сака Тагоре и Арсенал, а е истовремено поциничен и посаркастичен од мене. И сето тоа ме прави да се чуствувам... не знам... некако убаво. Пробај ако можеш да ја преиздадеш книгата. Би требало да ја има наоколу, на хартија.
Книгата може да се преиздаде во секој миг, но тоа чини пари. А и што знам, некако попусто трошење хартија. :)
Мило ми е што ти се допаднала книгата. :)
Post a Comment